Олимпијакос го одбрани домашниот терен од Реал

Олимпијакос го одбрани домашниот терен од Реал

пред 24 часа

Кошаркарите на Олимпијакос ја остварија втората победа во четвртфиналната серија од Евролигата против Реал Мадрид. Тимот од Пиреја победи со 77:71 (15:25, 23:13, 19:16, 20:17), па на Реал ќе му треба чудо за да се пласира на завршниот турнир.

Реал, за разлика од првиот меч, имаше шанси да направи брејк. Играчите на чус Матео водеа со 13 поени разлика во првиот период, кој го добија со 25.15. Олимпијакос се врати во натпреварот во втората четвртина, на полувреме резултатото беше 38:38.

Реал подобро влезе во третата четвртина, стекна предност од седум поени и тука застана. Олимпијакос од финишот на третата и првите четири минути во последната четвртина со серија 19:2, од -7 дојде до +10.

И повторно Реал успеа да фати приклучот, зонската одбрана им направи проблеми на домашните кошаркари, а реал предводен од Марио Хезоња се доближи на 67:64 на две минути до крајот.

Овој налет го одбија Алекс Питерс и Најџел Вилијамс-Гос со две тројки. Олимпијакос стекна предност од девет поени и тука беше крајот заРеал.

Стандардно, најефикасен кај Олимпијакос беше Саша Везенков со 22 поени, Еван Фурние одигра одлично и постигна 17 поени (9/10 од линијата за слободни фрлања). Единствен расположен кај Реал беше Хезоња со 22 поени и осум скока.

Следниот натпревар на програмата е во среда во Мадрид.

Share
Scroll to Top