Интер се договорија со Џеко, се чека на Рома

Интер се договорија со Џеко, се чека на Рома

пред 3 години

„Скај спорт Италија“ тврдат дека Интер веќе се договориле со ветеранот Един Џеко и сега преговараат со Рома за трансфер на босанскохерцеговскиот репрезентативец кој би требал да биде замена за Ромелу Лукаку.

Џеко беше изоставен од тимот кој загуби со 5:2 од Бетис на вчерашниот пријателски меч, по што италијанските медиуми тврдат дека тој договорил двегодишна соработка со „нераѕурите“.

Претходно се веруваше дека Дуван Запата од Аталанта и Андреа Белоти од Торино се прикладни замени за тимот на Симоне Инзаги, но Аталанта бара превисока сума за Колумбиецот, додека Белоти сака да остане во Торино.

Share
Scroll to Top