Ирскиот премиер ја критикуваше „крајно разочарувачката“ одлука на Трамп

Ирскиот премиер ја критикуваше „крајно разочарувачката“ одлука на Трамп

пред 12 месеци

Ирскиот премиер Мајкл Мартин остро ја критикуваше последната закана на Доналд Трамп за зголемување на царините за стоки од Европската Унија, велејќи дека тековните преговори се „најдобриот и единствен одржлив пат напред“.

„Европската Унија преговара со добра волја во тој процес. Царините на дискутираното ниво не само што би довеле до зголемување на цените, туку би предизвикале и сериозна штета на еден од најдинамичните и најважните трговски односи во светот, како и би ја нарушиле пошироката глобална трговија“, рече Мартин.

„Нема потреба да одиме по тој пат“, рече тој.

Неговите коментари дојдоа откако Доналд Трамп започна остар напад врз преговарачката стратегија на Европа, велејќи: „Нашите разговори со нив не водат никаде!“

Текстот Ирскиот премиер ја критикуваше „крајно разочарувачката“ одлука на Трамп е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top