Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека претседателот на Кина, Шји Џјинпинг, е строг и дека е исклучително тешко да се постигне договор со него.
„Го сакам кинескиот претседател Шји, отсекогаш сум го сакал и отсекогаш ќе го сакам, но тој е многу строг и е исклучително тешко да се постигне договор со него“, рече Трамп во објава на својот профил на платформата „Truth Social“, објави Ројтерс.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави во понеделникот дека Трамп ќе разговара со Шји оваа недела.
Текстот Трамп: Кинескиот претседател е строг и тежок за преговори е превземен од МАКФАКС.