Венко Филипче трет ден молчи за испумпувањето на десетици милиони евра од ЕСМ од страна на Вице Заев и фирми кои водат и лично до него. Истражувањето на истражувачките новинари, кои го објавија овој скандал всушност покажува зошто ЕСМ е доведена во состојба на милионски долгови, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Вице Заев, Зоран Заев и Венко Филипче се директно виновни што струјата во нивно време се покачи за над 50%. Заев и Филипче се директно виновни што немало инвестиции во енергетиката, а немало за да има повеќе пари за во нивните џебови. За да може да профитираат Зоран Заев, Вице Заев и Венко Филипче, биле направени мрежа на фирми и посредници за ископ, транспорт и продажба на јаглен од Грција на ЕСМ. Јагленот кој од Грција се продавал кон мрежата на фирми за 30 евра бил препродаван во Македонија на ЕСМ по цена и до 82.5 евра“, рече тој.
Петрушевски обвини дека Заеви продавале скап јаглен на ЕСМ, а Филипче уживал во придобивките на милионските бизниси низ разни луксузи кои што му ги приуштувале.
„Овој скандал и афера од размери од неколку стотици милиони евра мора да има разрешница и одговорност. Очекуваме ЈО да отвори истрага, а Венко Филипче да излезе и да каже со кое лице излегува повторно во политиката и бара гласови од народот кој тој и Заев го краделе со стотици милиони евра“, рече Петрушевски.
Текстот Петрушевски: Струјата со СДС се зголеми затоа што фирми блиски до Заев и Филипче препродавале јаглен на ЕСМ за три пати поскапо од набавното е превземен од МАКФАКС.