(Видео) Уапсен возач во Лос Анџелес: се обидел да прегази демонстранти

(Видео) Уапсен возач во Лос Анџелес: се обидел да прегази демонстранти

пред 1 ден

Возач е уапсен откако демонстрантите во центарот на Лос Анџелес почнале да го бркаат откако наводно се обидел да ги прегази со својот автомобил.

Возилото неколку пати свртило кон демонстрантите. Во еден момент, од автомобилот се слушнале звуци слични на истрели.

Полициски службеник од Лос Анџелес, изјави дека полицијата нема информации за можна пукотница и дека нема пријавени повредени.

Кога демонстрантите почнале да го бркаат возилото, тоа избегало, удрило во електричен столб и продолжило да бега. Полицискиот службеник додал дека возачот бил приведен од локалната полиција. Не е познато за што точно бил уапсен.

Текстот (Видео) Уапсен возач во Лос Анџелес: се обидел да прегази демонстранти е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top