Кошаркарот на Фенербахче, Најџел Хејс-Дејвис, ќе ја продолжи кариерата во НБА, откако ги договори деталите за едногодишна соработка со Феникс Санс.
По освојувањето на тројната круна со Фенербахче, титулата во Евролигата во 2025 година, наградата за најкорисен играч на фајналфорот, како и првенството и Купот на Турција и наградата, Хејс-Дејвис се избори за целосно загарантиран едногодишен договор со Санс, објави инсајдерот на ESPN, Шемс Чаранија.
Американецот има договор со Фенербахче до јуни 2027 година, но и клаузула дека може да замине доколку понуда од НБА.
Хејс-Дејвис доби и реши да ја прифати поканата од Феникс, а турскиот клуб како обесштетување ќе добие 900.000 евра.
Со заминувањето на Хејс-Дејвис и приходите од откупот, Фенербахче ќе го олесни буџетот за плати за околу три милиони евра.
Тој беше член на првата петорка на Евролигата две години по ред, а во сезоната 2024/2025 имаше просек од 16,7 поени, 5,3 скока и 1,7 асистенции.
Исто така, пред две сезони, тој го постави рекордот во Евролигата, против Баерн постигна 50 поени.
Откако не беше избран на НБА драфтот во 2017 година, Хејс-Дејвис играше за Лејкерси, Репторс и Кингс. Тој ја продолжи својата кариера во Европа откако се пресели во Галатасарај, а потоа играше во Жалгирис и Барселона, пред да ја освои Европа со Фенербахче.