Посна сарма по рецептот на баба

Македонија меѓу првите 50 држави со највкусна кујна во светот

пред 22 часа

Популарниот гастрономски водич Taste Atlas објави листа од 100 држави со најдобра храна во светот, а Македонија е во првите 50.

Државата се наоѓа на 47 место на листата со просечна оценка од 4,16.

Целта на водичот е да препорача кои држави и градови треба да ги посетат љубителите на храна од врвен квалитет.

На самиот врв се Грција, Италија, Мексико, Шпанија, Португалија и Турција.

Од земјите од регионот на 15 место е Србија, 17 е Хрватска, а на 33 место е Бугарија.

 

Share
Scroll to Top