Прогласен најзгодниот маж на светот за оваа година

Прогласен најзгодниот маж на светот за оваа година

пред 6 месеци

Актерот Патрик Демпси е прогласен за најсекси маж на годината од страна на магазинот „Пипл“.

Поминаа речиси две децении откако Патрик Демпси се појави на малите екрани како неврохирургот Дерек во „Вовед во анатомија“.

Неговиот статус на срцекршач трае долго време, па со текот на годините безброј пати ги красеше страниците на ова издание. Сега ја носи титулата најсекси маж на светот.

„Драго ми е што тоа се случува во овој момент од мојот живот“, изјави 57-годишниот актер. „Убаво е да се има ова признание“.

Па што му помина низ умот кога првпат ја слушна веста?

„Бев тотално шокиран, а потоа почнав да се смеам, ова е шега, нели“, рече тој смеејќи се.

„Целосно заборавив на тоа и никогаш не ни помислив да бидам на оваа позиција. Значи, моето его е добро“.

Демпси ужива да биде семеен човек. Со сопругата Џилијан (57), шминкерка и основач на сопствената линија за убавина, тој има три деца: Талула (21) и 16-годишните близнаци Саливан и Дарби. Актерот е познат и по својата страст и склоност кон возење тркачки автомобили.

Во декември тој ќе ги покаже своите тркачки вештини во биографскиот филм за „ферари“, во режија на Мајкл Ман, играјќи го италијанскиот возач Пјеро Таруфи.

Текстот Прогласен најзгодниот маж на светот за оваа година е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top