Исени: Успешно решени сите случи на безджавјанство

Исени: Успешно решени сите случи на безджавјанство

пред 6 дена

Заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени присуствуваше на настан во организација на заменик-претседателот на Владата, Арбен Фетаи, во соработка со УНХЦР и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на кој се одбележа успешното решавање на познатите случаи на бездржавјанство, кои произлегоа од распадот на СФР Југославија.

Заменик-министерот Исени во своето обраќање истакна дека државјанството е едно од основните човекови права и е правна основа за голем број други граѓански права и слободи, ја означува правната врска помеѓу лицето и државата, без оглед на начинот на стекнување и не го означува етничкото потекло на државјанинот и дека МВР со проактивен пристап посветено учествувало во решавањето на тој проблем.

„Во согласност со член 7 од Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за државјанството на Република Северна Македонија, со кој на олеснителен начин се овозможи на државјанин на друга република на поранешната СФРЈ и на државјанин на поранешната СФРЈ, кои до 8 септември 1991 година, односно до времето на прогласување на независноста на Република Македонија живееле на територијата на Република Македонија, да стекнат државјанство. Членот 7 се применуваше од 30.7.2021 година до 8.9.2024 година и државјанство добиле 1.148 лица државјани на поранешна СФРЈ, од нив 300 лица биле со статус без државјанство. Во 2023 година донесни се Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за личната карта и Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните со цел оваа категорија граѓани кои ќе стекнат државјански статус да може на полесен начин да добијат личен документ“, истана Исени.

Исени образложи дека МВР за сите 300 лица, кои навремено имале поведено постапка за стекнување државјанство на Република Северна Македонија, а кои биле со статус на лица без државјанство и живееле на територијата на Република Северна Македонија, донесе позитивни решенија за стекнување државјанство и тие се државјани на Република Северна Македонија. Со регулирање на државјанскиот статус тие ги уживаат сите права и обврски во согласност со позитивните законски прописи во Република Северна Македонија.

Заменик-министерот Исени на крајот истакна дека Министерството за внатрешни работи останува силен поддржувач на меѓународната заедница, посветен и одговорен партнер во глобалниот дијалог и силен и како таков општо признаен генератор и столб на мир, стабилност и безбедност на Балканот и во Европскиот Регион, како и пошироко.

Текстот Исени: Успешно решени сите случи на безджавјанство е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top