(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и нивниот привезок ЗНАМ се колаборационисти, за нив може ЕУ за граѓаните не

(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и нивниот привезок ЗНАМ се колаборационисти, за нив може ЕУ за граѓаните не

пред 16 часа

„ВМРО-ДПМНЕ и нивниот привезок ЗНАМ се колаборационисти. Со години лажат и шират хистерија дека тие ќе се ‘бореле со Бугарите’, а впрочем тие се тоа. Нема кој нема бугарски пасош од нив“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче на граѓанската трибина „Мугра на слободата“ во Крушево.

Тој појасни дека проблемот не е дали некој има бугарски пасош, туку лицемерието.

„И не е проблем да имаш бугарски пасош, од било која причина – економска, социјална или лична – но лицемерно е да се правиш патриот и дека ќе се бориш против ‘бугарски диктат’, а да имаш фирми во Бугарија, државјанства, и разни други бизнис интереси. За нив може ЕУ, а за другите не може“, истакна Филипче.

„За прв пат Европската Унија јасно кажува дека во Македонија се спроведува авторитарен режим. За прв пат без никаква обланда Европската Унија укажува на сериозното зголемување на сериозната и висока корупција во Владата и во нејзните високи органи на Владата. За прв пат јасно ни се укажува на селективната правда, на нарачаните обвиненија и пресуди. Јасно ни се укажува дека Европската Унија има сериозни сомнежи за тоа како се води процесот за трагедијата во Кочани. И ова е поразително“, порача претседателот на СДСМ, Филипче.

Текстот (Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и нивниот привезок ЗНАМ се колаборационисти, за нив може ЕУ за граѓаните не е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top