(Видео) Невреме во Србија: превртен камион, откорнати дрвја, поплавени улици

(Видео) Невреме во Србија: превртен камион, откорнати дрвја, поплавени улици

пред 10 месеци

Силно невреме, проследено со јак ветер и дожд, денес зафати делови од Србија.

Само во Белград, ветерот собори дрвја и гранки на повеќе од 50 локации.

На социјалните мрежи беа објавени бројни видеа од паднати дрвја и скршени гранки.

Силниот ветер што дуваше во Нови Сад собори дрво.

Силен ветер дуваше и во Белград, а повремено имаше врнежи проследени со грмотевици.

Силна бура го погоди и Зрењанин.

Ветрот кршеше гранки од дрвјата, а поради дождот, водата остана на патиштата.

Налети на ветер превртеа камион кај Зрењанин, според написите во медиумите од регионот.

Текстот (Видео) Невреме во Србија: превртен камион, откорнати дрвја, поплавени улици е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top