Senua’s Saga: Hellblade II ќе пристигне на конзолите PlayStation 5 на 12 август оваа година, објави Xbox.

Како што претходно беше објавено, играта ќе биде достапна во таканаречено Enhanced Edition, кое ќе биде бесплатна надградба за PC и Xbox Series верзиите на играта.

Ова подобрено издание ќе вклучува Performance Mode (60 fps) на конзолите, проширен Photo Mode и враќање на опцијата Dark Rot (permadeath) од првата игра. PC верзијата ќе добие нова графичка поставка Very High и оптимизации за Steam Deck, објавува HCL.

Дополнителна придобивка од Enhanced верзијата ќе бидат четири часа коментари од самите развивачи, ако сте љубопитни како настанала играта.

Стандардното издание на Hellblade II за PlayStation 5 ќе чини исто како и другите верзии – 50 евра. Ќе има и Deluxe верзија за 70 евра, која доаѓа со саундтракот на играта, како и оригиналниот Hellblade: Senua’s Sacrifice за PlayStation 5.

Играчите кои веќе го поседуваат првиот Hellblade за PlayStation ќе можат да ги добијат оптимизациите и подобрувањата на верзијата за PS5 преку бесплатна надградба.