(Видео) 728 дронови лансирани врз Украина, Зеленски: Уште еден доказ дека се потребни санкции

(Видео) 728 дронови лансирани врз Украина, Зеленски: Уште еден доказ дека се потребни санкции

пред 13 часа

Русија лансираше рекордни 728 дронови и 13 ракети против Украина во текот на ноќта, соопштија украинските воздухопловни сили денеска.

Украинските системи за противвоздушна одбрана уништија 718 дронови и седум ракети, соопштија воздухопловните сили на апликацијата за пораки Телеграм.

Во напад со украински дрон на плажа во рускиот град Курск загинаа три лица, вклучувајќи руски војник кој учествуваше во спасувачки операции, а седум беа повредени, изјави вршителот на должноста гувернер на регионот што граничи со Украина рано утрово. Украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи на Икс за нападот.

„Бројот на воздушни цели беше најголем досега во еден ден, вкупно 741 цел, 728 дронови од различни видови, вклучувајќи повеќе од 300 Шахед, и 13 ракети, вклучувајќи ракети Кинжал и Искандер.

Исто така, ги користевме нашите дронови-пресретнувачи, тие соборија десетици непријателски цели и продолжуваме да ја развиваме оваа технологија. Им благодарам на сите наши војници за нивната прецизност.

Во моментов, низ цела Украина, во многу региони, се спроведуваат активности за санирање на последиците од синоќешниот руски напад. Главниот удар беше насочен кон Луцк, но штета е регистрирана и во регионите Днепропетровск, Житомир, Киев, Кировоград, Николаев, Суми, Харков, Хмелницки, Черкаски и Чернихив.

Овој напад е многу јасен сигнал и се случува токму во моментот кога се вложуваат бројни напори за постигнување мир, за договор за прекин на огнот, додека само Русија систематски ги отфрла сите овие напори. Ова е уште еден доказ за потребата од строги санкции, особено оние за нафтата, бидејќи ја финансира руската воена машинерија повеќе од три години.

Потребни се и секундарни санкции за оние кои ја купуваат таа нафта и со тоа всушност ги финансираат убиствата. Нашите партнери знаат како да извршат притисок што ќе ја принуди Русија да размисли за прекин на војната, а не да започнува нови напади. Сите што сакаат мир мора да дејствуваат“, рече украинскиот претседател.

Текстот (Видео) 728 дронови лансирани врз Украина, Зеленски: Уште еден доказ дека се потребни санкции е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top