Претседателот на Бразил му се закани на Трамп со реципрочни мерки ако воведе царини

Претседателот на Бразил му се закани на Трамп со реципрочни мерки ако воведе царини

пред 18 часа

Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва изјави дека е подготвен да воведе реципрочни царини за американската стока ако САД воведат царини за Бразил, пишува Би-Би-Си.

Лула така одговори на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој најави воведување царина од 50% за увоз на бразилски производи од 1 август.

Во писмото, Трамп го наведе третманот на Бразил кон поранешниот претседател Жаир Болсонаро, кој моментално е на суд за наводен обид за државен удар против Лула откако ги загуби изборите во 2022 година, како причина за зголемувањето на царините.

Трамп го опиша Болсонаро како „високо почитуван лидер во светот“ и рече дека „ова судење не треба да се случува“, повикувајќи го Бразил веднаш да го прекине „ловот на вештерки“ против поранешниот претседател.

Фото: ЕПА

Текстот Претседателот на Бразил му се закани на Трамп со реципрочни мерки ако воведе царини е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top