Лидерите на ЕУ на самитот во Рим бараат решение за обнова на Украина

Лидерите на ЕУ на самитот во Рим бараат решение за обнова на Украина

пред 12 часа

Стравот дека Украина би можела да се согласи да изгуби територија во замена за мир, фрли сенка врз состанокот на лидерите во Рим посветен на обновата на земјата разурната од војна, пишува „Гардијан“.

Четвртата меѓународна конференција за реконструкцијата на Украина ги собра претседателот Володимир Зеленски, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка, Џорџа Мелони, и полскиот премиер Доналд Туск. Но, сè беше засенето од ескалацијата на руските напади со беспилотни летала и растечката загриженост за можен територијален компромис.

„Само неколку часа пред почетокот на конференцијата, Киев повторно беше под силен напад“, рече Зеленски.

„Русија јасно се подготви за нашиот состанок“. Канцеларот Мерц ги осуди нападите, нарекувајќи ги „тероризам против цивили“. „Наша должност е да го зголемиме притисокот врз Путин и да го вратиме на преговарачката маса“, додаде тој.

Според анализата на италијанскиот тинк-тенк ИСПИ, Русија би можела да сноси повеќе од една третина од трошоците за реконструкција, односно околу 188 милијарди долари ако Украина изгуби четири региони: Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон.

Овие региони го формираат јадрото на сегашните борби, а нивното трајно префрлање на Русија се споменува сè повеќе како можен дел од мировниот договор. Киев сè уште не го прифатил тоа сценарио.

Вкупната проценета цена на десетгодишната реконструкција на Украина е 524 милијарди долари. Светската банка проценува дека 66 отсто од директната воена штета се однесува на петте најтешко погодени области – вклучувајќи го и Харков.

Стамбениот сектор (57 милијарди долари), транспортот (36 милијарди долари) и енергетиката (20 милијарди долари) го носат најголемиот товар. Штетата на енергетската инфраструктура во последната година е зголемена за 93 отсто.

Продолжувањето на нападите со руски беспилотни летала го прошири фронтот кон регионите Дњепарк и Сум, дополнително влијаејќи на економијата. Инфлацијата достигна 15 отсто, а прогнозите за раст беа намалени за 4,5 процентни поени – на само 2 отсто.

„Стотици експерти, нула конкретни решенија. Ни треба постојано тело кое ќе управува со инвестициите во приватниот сектор“, рече поранешниот американски пратеник во Украина, Курт Волкер, кој остро ги критикуваше претходните конференции.

 

Текстот Лидерите на ЕУ на самитот во Рим бараат решение за обнова на Украина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top