Скандал во Црна Гора – клуб исклучен од Европа на 10 години поради наместени натпревари

Скандал во Црна Гора – клуб исклучен од Европа на 10 години поради наместени натпревари

пред 1 ден

Фудбалскиот клуб Арсенал од Тиват е суспендиран од Европа во период од 10 години.

Како што објавиja подгорички „Вијести“, клубот од Тиват ќе мора да плати казна од половина милион евра, додека фудбалерите и претставникот на клубот исто така беа казнети.

Како што беше објавено, фудбалерот Никола Челебиќ и претставникот на клубот Ранко Крговиќ добија доживотни забрани за работа во фудбалот, додека капитенот на тимот Ќетко Манојловиќ, како и Радуле Живковиќ и Душан Пулетиќ, ќе мора да поминат 10 години надвор од спортот.

Ова е целиот епилог од скандалот во квалификациите за Конференциската лига во кој Арсенал од Тиват играше со Алашкерт, пред две години во реваншот од квалификациите за Конференциската лига.

Арсенал загуби од Алашкерт како домаќин со 6:1 и тој натпревар беше под лупа на УЕФА, а полските медиуми пишуваа дека во текот на првото полувреме – иако резултатот беше 0:0 до 35-тата минута – обложувалниците примиле повеќе од 250.000 евра на играта „2+ гола“ во текот на првите 45 минути.

„Обложувалниците се обидоа да се заштитат од високи исплати во текот на последните 10 минути од првото полувреме, но некои не успеаја да го сторат тоа на време. Во тој момент, коефициентите кај некои обложувалници за играта во живо „2+ гола“ беа дури и до 30. И сето тоа продолжи во второто полувреме кога, според ТВП, започнаа сомнителни уплати за 5+ и 7+ гола, напиша тогаш полската ТВП“, пренесува Вијести.

Share
Scroll to Top