Тешка повреда на Никола Карабатиќ

Тешка повреда на Никола Карабатиќ

пред 4 години

Играчот на ПСЖ и репрезентацијата на Франција, Никола Карабатиќ, поради тешка повреда, неколку месеци ќе отсуствува од терените.

Клубот потврди дека Карабатиќ ги скинал предните вкрстени лигаменти во коленото и деновиве ќе биде опериран.

Вообичаено рехабилитацијата од ваква повреда трае шест месеци, што значи дека Карабатиќ ќе го пропушти Светското првенство, кое во јануари 2021 година ќе се одржи во Египет.

Олимпискиот, светскиот и европскиот првак со Франција се повреди во победата на ПСЖ над Иври во француското првенство.

Share
Scroll to Top