И со Пандев, Џенова го загуби дербито на дното од Парма

И со Пандев, Џенова го загуби дербито на дното од Парма

пред 3 години

Џенова очигледно ја чека тешка борба за опстанок во Серија А, откако ниту влегувањето на Горан Пандев не успеа да спречи 1:2 пораз на „Грифоне“ од Парма во дербито на два тима кои имаат лош старт на сезоната.

Џокер за тимот на Фабио Ливерани беше ветеранот Жервињо, кој постигна гол во 10. и 47. минута за 0:2 водство, по што Џенова одговори преку Узбекистанецот Елдор Шомуродов во 50. минута. Пандев влезе токму на местото на Шомуродов во 69. минута, но не успее да го спречи шестиот пораз во девет меча за неговиот тим.

Со трите поени, Парма „скокна“ на 16. место со 9 поени, додека Џенова останува на претпоследното место со 5 поени, три повеќе од фенерџијата Кротоне.

Share
Scroll to Top