Северна Кореја: Вашингтон да ја прифати реалноста дека состојбата е сменета

Северна Кореја: Вашингтон да ја прифати реалноста дека состојбата е сменета

пред 2 месеци

Северна Кореја смета дека желбата на САД за дијалог со неа ќе остане само „надеж“ сè додека Вашингтон не успее да ја прифати реалноста дека состојбата се изменила од времето на претходните самити меѓу двете земји, пренесе државната агенција „КЦНА“.

Ким Јо-џонг, моќната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, за која се верува дека зборува во име на својот брат, рече дека признава оти личниот однос меѓу Ким и американскиот претседател Доналд Трамп „не е лош“.

Но, ако Вашингтон има намера да го искористи тој личен однос како начин за ставање крај на севернокорејската нуклеарна програма, таквиот напор ќе биде само предмет на „исмевање“, изјави Ким Јо-џонг во соопштение пренесено од „КЦНА“.

Американскиот претседател Доналд Трамп останува отворен за соработка со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со цел целосно укинување на севернокорејската нуклеарна програма, изјави вчера функционер од Белата куќа, откако Северна Кореја рече дека го отфрла секој обид за оспорување на нејзиниот статус на нуклеарна држава.

Текстот Северна Кореја: Вашингтон да ја прифати реалноста дека состојбата е сменета е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top