На Табановце се чека околу 45 минути, зголемена фреквенција на возила поради летните одмори

На Табановце се чека околу 45 минути, зголемена фреквенција на возила поради летните одмори

пред 11 месеци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез и излез од државата е 30-45 минути. На другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Текстот На Табановце се чека околу 45 минути, зголемена фреквенција на возила поради летните одмори е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top