(Видео) Борбен авион се урна во Калифорнија, пилотот успешно се катапултираше

(Видео) Борбен авион се урна во Калифорнија, пилотот успешно се катапултираше

пред 2 месеци

Американски борбен авион „Ф-35“ се урна во близина на поморската воздухопловна станица Лемур во централна Калифорнија, објави денес американската морнарица.

„Пилотот успешно се катапултираше и е безбеден“, се вели во соопштението на морнарицата во Лемур.

Деталите за несреќата не се објавени. Причината за несреќата е под истрага, се вели во соопштението.

Американската компанија Локид Мартин, која ги произведува борбените авиони Ф-35, како одговор на барањето на Ројтерс за коментар, изјави дека е запознаена со инцидентот со Ф-35 во поморската воздухопловна станица Лемур.

Текстот (Видео) Борбен авион се урна во Калифорнија, пилотот успешно се катапултираше е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top