(Фото) „Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

(Фото) „Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

пред 11 месеци

Околу 80 шарени бродови за Парадата на гордоста пловеа низ каналите на Амстердам на крајот од седумдневната прослава на ЛГБТК+ заедницата во градот.

Иако поворката не е политичка, учесниците ја искористија можноста да ги критикуваат конфликтите што беснеат низ целиот свет и бројните светски лидери за нивните негативни ставови кон правата на ЛГБТК + заедницата, пренесува Ројтерс.

Палестински знамиња беа видени и во толпата, а холандската полиција уапси четворица активисти кои скокнаа во водата и оштетија брод на Букинг во знак на протест против тоа што им беше понуден сместување во населбите окупирани од Израел.

Учесниците на парадата го критикуваа и американскиот претседател Доналд Трамп, чија администрација спроведе антитранс политики и ги намали средствата за меѓународни програми за помош, што ги загрози напорите за превенција од ХИВ во Африка.

На еден од бродовите беа прикажани лажни гробишта и порака „Постапките на Трамп убиваат. Љубовта спасува животи“.

Текстот (Фото) „Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top