Трамп се закани: Путин има рок до петок

Трамп се закани: Путин има рок до петок

пред 5 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот специјален претставник Стив Виткоф би можел да отпатува во Русија, можеби во среда или четврток, предупредувајќи дека ќе воведе санкции кон Русија ако Москва не се согласи на прекин на огнот во Украина до петок.

„Ќе има санкции, но се чини дека се доста добри во избегнувањето санкции. Тие се лукави ликови и се доста добри во избегнувањето санкции, па ќе видиме што ќе се случи“, рече Трамп во разговор со новинарите, објави „Ројтерс“.

Претходно Трамп изјави дека наредил распоредување на две нуклеарни подморници во она што ги нарече „соодветни региони“ како одговор на „глупавите и провокативни“ нуклеарни закани од поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев.

Фото: ЕПА

Текстот Трамп се закани: Путин има рок до петок е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top