Ливерпул подготвува нова „мега понуда“ за Александар Исак, откако првите две во износ од 120 и 140 милиони евра, беа одбиени од Њукасл, пишува специјализираниот фудбалски портал „Гол“.
Според овој извор Ливерпул се подготвени да ги испрата финансиските барања на Њукалс, односно да понудат сума од 150 милиони евра за шведскиот напаѓач.
Наводно, понудата ќе биде доставена наредниот понеделник, по натпреварот што ќе го одиграат овие два тима на „Сент Џејмс Парк“.
Ливерпул се решиле на ваков чекор, поради нарушениот однос меѓу клубовите и претстојниот натпревар.
На „Енфилд“ се убедени дека Њукасл ќе ја прифати огромната понуда од 150 милиони евра, особено сега кога Исак и клубот влего во „војна“ со зборови.
Доколку биде реализиран, трансферот на Исак би бил третиот најголем во историјата (по трансферите на Нејмар и Мбапе) и најголем трансфер ова лето.
Погледнете ги десетте најголеми трансфери во историјата на фудбалот на графиконот.
Исак не беше во составот на Њукасл за првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата против Астон Вила. Според извештаите, тој ќе остане надвор од тимот и против Ливерпул. Се верува дека напаѓачот нема ни да дојде на стадионот „Сент Џејмс Парк“ за да го гледа натпреварот.
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN