Кривична за поранешни директори на Пошта поради незаконски набавки и штета од 32.500 евра

Кривична за поранешни директори на Пошта поради незаконски набавки и штета од 32.500 евра

пред 3 месеци

Полицијата поднесе кривична пријава против В.С. и Б.А. – поранешни генерални директори на АД Пошта, поради сомнение за несовесно работење во службата.

Според информациите од истрагата, тие во текот на 2023 година не извршиле соодветен надзор врз работата на подредените раководители на подружници, со што овозможиле да се реализираат набавки спротивно на законската постапка.

На овој начин, биле направени набавки во вредност од 56.546 евра, со што е надминат дозволениот праг, а на буџетот на компанијата му била нанесена директна штета од над 32.000 евра.

Текстот Кривична за поранешни директори на Пошта поради незаконски набавки и штета од 32.500 евра е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top