Мадуро: Поради Америка, се соочуваме со закана каква што не сме виделе 100 години

Мадуро: Поради Америка, се соочуваме со закана каква што не сме виделе 100 години

пред 14 часа

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро ги обвини САД дека го загрозуваат суверенитетот на неговата земја со распоредување воени бродови во Карипското Море. Тој тврди дека американските сили во регионот имаат „1.200 ракети“ насочени кон Венецуела.

Мадуро ја даде изјавата на прес-конференција во Каракас, пред министрите и военото раководство. „Венецуела се соочува со најголемата закана што нашиот континент ја видел во последните 100 години“, рече Мадуро. „Оваа ситуација никогаш порано не е видена“, додаде тој.

Вашингтон го објаснува распоредувањето бродови како дел од операцијата против трговијата со дрога. Морнарицата и крајбрежната стража на САД долго време имаат присуство во јужниот дел на Карибите, но овој пат распоредија значително поголем број бродови од вообичаеното.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Мадуро дека раководи со нарко-картел и неодамна ја дуплираше наградата за негово апсење на 50 милиони долари (42,7 милиони евра).

фото: принтскрин

Текстот Мадуро: Поради Америка, се соочуваме со закана каква што не сме виделе 100 години е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top