Поранешниот началник на израелската армија, Херци Халеви, изјави дека во војната во Газа се убиени или повредени над 200.000 Палестинци – повеќе од 10 отсто од населението.
Оваа проценка е блиска до бројките што редовно ги објавува Министерството за здравство во Газа, кои Израел често ги оспорува, иако меѓународните организации ги сметаат за доверливи. Според официјалните податоци, од 7 октомври 2023 година досега се убиени 64.718 луѓе, а повредени се 163.859.
Халеви нагласи дека „ова не е нежна војна“ и дека армијата делува „без ракавици“ уште од првиот ден, но инсистираше дека Израел постапува во рамки на меѓународното хуманитарно право. Тој додаде дека правните советници никогаш не ја ограничувале израелската војска во одлуките за операциите во Газа.
Текстот Поранешен израелски началник: Во Газа се убиени или повредени над 200.000 Палестинци е превземен од МАКФАКС.