Венс: Робинсон можеби имал повеќе од еден соучесник во убиството на Чарли Кирк

Венс: Робинсон можеби имал повеќе од еден соучесник во убиството на Чарли Кирк

пред 4 часа

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џ. Д. Венс, изјави дека постои можност Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк, да дејствувал со поддршка на неколку соучесници.

Во интервју за „Фокс њуз“, Венс нагласи дека надлежните органи мора целосно да ги расветлат сите околности на злосторството.

„Не исклучувам дека голем број луѓе му помогнале на овој човек да го изврши пукањето“, рече тој.

Според него, радикализацијата на Робинсон се случила под влијание на „левичарската“ идеологија, иако дваесет и двегодишникот пораснал во нормално и просперитетно семејство.

Венс, според написите, исто така, употреби остар јазик во разговорот, директно обвинувајќи ја политичката левица за смртта на Чарли Кирк, еден од блиските сојузници на претседателот Доналд Трамп.

Истражните власти во Јута веќе поднесоа обвинение против Робинсон, а наводите на потпретседателот го поставуваат прашањето дали кругот на осомничени ќе се прошири за да вклучи и потенцијални соучесници.

Фото:

Текстот Венс: Робинсон можеби имал повеќе од еден соучесник во убиството на Чарли Кирк е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top