(Видео) Хаос и судири: Илјадници на улиците, Франција блокирана од протести

(Видео) Хаос и судири: Илјадници на улиците, Франција блокирана од протести

пред 3 часа

Ширум Франција денеска се одржува масовен меѓусиндикален штрајк, со протести на над 250 локации и учество на стотици илјади граѓани. Властите проценуваат дека на улиците би можеле да излезат меѓу 600.000 и 900.000 луѓе.

Штрајкот предизвика сериозни прекини во сообраќајот, здравството и образованието. Блокирани се десетици училишта, а во Лион и Нант дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите, при што беа повредени новинар, полицаец и демонстрант. Полицијата користела солзавец, а до пладне беа уапсени 94 лица, од кои 15 во Париз.

Причина за протестите е нацрт-буџетот за 2026 година, кој предвидува значителни кратења на јавните трошоци и реформи во пензискиот систем. Владата тврди дека мерките се неопходни за намалување на јавниот долг, додека синдикатите ги нарекуваат „удар врз социјалните права“ и предупредуваат дека ќе ја погодат најмногу сиромашната и средната класа.

Франција се соочува со намален кредитен рејтинг и барања од Брисел за враќање на буџетскиот дефицит во дозволени рамки. Според синдикатите, земјата доживува најголема социјална нееднаквост од 1970 година.

Текстот (Видео) Хаос и судири: Илјадници на улиците, Франција блокирана од протести е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top