Полска купува 2.500 ракети од САД

Полска купува 2.500 ракети од САД

пред 4 часа

Соединетите Американски Држави ја одобрија продажбата на 2.506 противоклопни ракети FGM-148F „Џавелин“ и 253 лесни командно-лансирни уреди (LWCLU) на Полска, во вредност од околу 780 милиони долари. Пакетот опфаќа и обука, логистичка поддршка, резервни делови и техничка асистенција.

„Џавелин“ е пренослив систем, дизајниран за уништување на тенкови и лесно оклопни возила. Оружјето стана симбол на украинската одбрана во првите месеци од руската инвазија во 2022 година.

Одлуката доаѓа по неодамнешниот упад на околу 20 руски дронови во полскиот воздушен простор, кога полските и сојузничките авиони соборија дел од нив – настан означен како прв преседан од ваков тип во НАТО земја.

Полска и Украина најавија заеднички програми за обука во противдронска одбрана, додека паралелно европските држави ги зголемуваат воените набавки, а новата трансатлантска шема PURL обезбедува дополнителна воена помош за Киев.

Текстот Полска купува 2.500 ракети од САД е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top