Ликовниот уметник и поранешен шампион во стрелање, Дивна Пешиќ, отвори сопствена галерија во Денвил, Америка. На отварањето дојдоа многу гости , пред се нејзини блиски пријатели со кои се дружи во САД.
Дивна, која е од Кавадарци, веќе неколку години наназад живее и твори во САД. Таа неодамна актуелната состојба со вирусот ја престави на уметничко дело, кое освои трето место во светот на натпреварот Американ Арт Авардс.
Во галеријата која го носи името “Дивна Пешиќ Арт Галери“, се изложени 120 дела , техника масло на платно. Конечно, вели таа, и се остварил сонот, а особено што како уметник, успеала да ја покаже креативноста, и во време на кризата со пандемијата.
Делата на Пешиќ се инспирирани од секојдневниот живот, љубовта, моралните вредности, а секое дело носи порака или симбол како инспирација.