„Фајненшл тајмс“: Зеленски можно е оваа недела да го посети Трамп

„Фајненшл тајмс“: Зеленски можно е оваа недела да го посети Трамп

пред 6 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп може да го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски оваа недела, објави новинарот на „Фајненшл тајмс“, Кристофер Милер, повикувајќи се на три извори.

Според Милер, средбата би можела да се одржи во петок, на 17 октомври, но други детали засега не се познати.

Двајцата лидери последен пат се сретнаа во септември за време на Генералното собрание на ОН во Њујорк, а во последните денови имале два телефонски разговора, меѓу другото и за можната испорака на американски крстосувачки ракети „Томахок“ на Украина.

Паралелно, украинската делегација предводена од премиерката Јулија Свириденко започнува недела на преговори со американските претставници во Вашингтон.

Текстот „Фајненшл тајмс“: Зеленски можно е оваа недела да го посети Трамп е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top