Во полските Татри, планински водич Шимон Сточ спасил деветмесечно бебе откако неговите родители од Литванија останале заглавени при спуштање од највисокиот врв на Полска.
Иако биле предупредени дека патеката е покриена со мраз и снег, родителите продолжиле со искачувањето без соодветна опрема и без патничко осигурување. Откако увиделе дека не можат безбедно да се спуштат, водичот сам го зел бебето и го однел на сигурно.
Инцидентот предизвика лавина гневни реакции на социјалните мрежи — многумина побараа родителите да бидат пријавени поради загрозување на животот на детето.
Планината Риси, на границата меѓу Полска и Словачка, е позната по опасните зимски услови, а службите редовно апелираат да не се искачува без соодветна опрема.
Текстот (Видео) Родители се качувале и останале заглавени на највисокиот врв во Полска со деветмесечното бебе е превземен од МАКФАКС.






