Најмалку седум лица, меѓу кои и две деца, се убиени во серија руски напади со беспилотни летала и ракети низ Украина, соопштија официјални лица. Нападите погодија градинка во Харков, вториот по големина град во Украина, и предизвикаа голема штета во Киев, јавува Би-би-си.
Меѓу 27-те повредени имало деца. Брачен пар на возраст од околу 60 години загина во Киев кога беспилотно летало ја погоди нивната станбена зграда, а уште четворица загинаа во околината на главниот град.
#Харків: рятувальники локалізували пожежу у дитсадку після російського удару БпЛА
На момент обстрілу в укритті перебували 48 дітей, всіх евакуювали. На жаль, 1 людина загинула, ще 6 постраждали.
Також виникла пожежа у багатоквартирному будинку та недіючій складській будівлі. pic.twitter.com/Pz3pAxGYnj— DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) October 22, 2025
Во селото Похреби, северно од Киев, пожар предизвикан од рускиот напад уби 36-годишна жена, шестмесечно бебе и 12-годишно девојче. Маж од блиското село, исто така, почина од повредите.
Официјалните лица во Харков потврдија дека еден 40-годишен маж е убиен, а седум други се повредени во напад со беспилотно летало врз градинка. Меѓу ранетите има неколку деца, додека десетици се евакуирани.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија лансирала 405 беспилотни летала и 28 ракети преку ноќ, од кои 15 биле балистички. Сирени за воздушен напад и експлозии одекнувале во главниот град со часови.
У Києві внаслідок російської атаки загинуло 2 особи, травмовані 22 людини, з них – 4 дітей.
Психологи ДСНС Києва надали допомогу 31 людині.
Деталі: https://t.co/co0MxxcHhA pic.twitter.com/GgYEwHqfYx— DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) October 22, 2025
Нападите се случија само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека неговите планови за самит со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта се одложени бидејќи не сака „залудна средба“.
Сепак, руските претставници денеска изјавија дека подготовките за самитот продолжуваат, што е спротивно на проценката на Трамп. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека датумот сè уште не е договорен, нагласувајќи дека средбата е „заемна желба на двајцата претседатели“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека нападите докажале дека Москва не е под доволен притисок да ја запре војната. Тој директно го поврза одложувањето на самитот со неговото барање за американски ракети „Томахавк“.
„Штом прашањето за ракетите со долг дострел стана малку подалечно за нас, за Украина, тогаш Русија речиси автоматски стана помалку заинтересирана за дипломатија“, рече Зеленски за време на посетата на Норвешка.
Тој, исто така, го коментираше предлогот на Трамп за замрзнување на фронтот, нарекувајќи го „добар компромис, но не сум сигурен дека Путин ќе го поддржи, и му го кажав тоа на претседателот“.
фото: принтскрин
Текстот (Видео) Пропадна средбата Трамп-Путин, Русите веднаш брутално нападнаа: погодена градинка е превземен од МАКФАКС.