Евра: Ова веќе не се фудбалери, туку инфлуенсери

Евра: Ова веќе не се фудбалери, туку инфлуенсери

пред 15 часа

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Јувентус, Патрис Евра, зборуваше за отказот што го доби Игор Тудор од челниците на „Старата дама“.

„Ви благодарам за сè, мистер. Но, оваа порака е и за играчите, бидејќи кога вашиот тренер ќе биде отпуштен, тоа значи дека не сте ја завршиле добро работата на теренот. Ми се случи само еднаш во кариерата и се чувствував како ѓубре“, рече Евра.

Французинот исто така рече дека денешните фудбалери, поради влијанието на социјалните мрежи, не можат да се споредат со оние од неговата генерација.

„Не можам да бидам груб кон нив, но тоа е нова генерација, ТикТок генерација. Тие повеќе не се фудбалери, туку брендови, рапери, инфлуенсери. Премногу работи во го одвлекуваат вниманието. Ние само јадевме, спиевме и игравме фудбал. Денес, тоа го нема.“

Евра додаде дека Јувентус го изгубил својот идентитет.

„Клубот целосно се промени, ги загубија своите вистински вредности. Кога дојдов, претседателот Ањели беше секогаш со нас, со Недвед, Марота и Паратичи. Сега тоа го нема“, рече Евра.

Share
Scroll to Top