Државјанин на Латвија уапсен по заканата дека ќе земе заложници во воз од Виена до Инсбрук

Државјанин на Латвија уапсен по заканата дека ќе земе заложници во воз од Виена до Инсбрук

пред 10 часа

Латвиски државјанин е уапсен во Австрија по заканата дека ќе земе заложници во воз што сообраќал од Виена до Инсбрук, соопшти полицијата во понеделникот вечерта.

За време на патувањето, 31-годишниот маж рекол дека ќе земе заложници доколку полицајците се качат на возот, изјави портпаролот на полицијата во Салцбург за ДПА.

Кога возот застанал во Салцбург, бил приведен од специјалните сили. Еден полицаец бил повреден додека мажот се обидел да се спротивстави на апсењето, според портпаролот.

Мажот не бил вооружен, соопшти полицијата.

Ова се случило само неколку дена откако неколку лица беа повредени во напад со нож во воз во Велика Британија. Во меѓувреме, 32-годишен осомничен е уапсен и обвинет.

Фото: принтскрин

Текстот Државјанин на Латвија уапсен по заканата дека ќе земе заложници во воз од Виена до Инсбрук е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top