Жена во Хрватска го уби мажот со нож

Жена во Хрватска го уби мажот со нож

пред 5 часа

Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.

Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.

Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.

Текстот Жена во Хрватска го уби мажот со нож е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top