АХВ уништи околу 37 тони небезбедна храна со поминат рок која се продавала без декларација

АХВ уништи околу 37 тони небезбедна храна со поминат рок која се продавала без декларација

пред 13 часа

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изминатата недела при спроведена вонредна контрола кај оператор со храна, заплениле и нештетно уништиле приближно 37 тони храна.

Како што соопшти денеска Агенцијата, биле запленети и уништени јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи и разни зачини без декларации и на кои рокот на употреба им бил истечен од една до две години.

За сторениот прекршок на операторот му е изречена мерка привремена забрана за работа и парична казна, како и наредба за отстранување на утврдените недоследности со надзорот.

АХВ информира дека во изминатата недела биле спроведени вонредни контроли и кај други оператори со храна – месарници, ресторани, сендвичарници, маркети. Поради утврдени недоследности – нерегистрирани оператори со храна, неспроведени задолжителени обуки на вработените за безбедност на храната, пуштање во промет на небезбедна храна и слично,  операторите со храна и нивните одговорни лица се казнети парично и им се изречени привремени забрани за вршење дејност.

-Издадени беа и наредби за отстранување на утврдените недостатоци со контролите, а затекнатата небезбедна храна беше нештетно уништенa, наведува АХВ во соопштение.

Текстот АХВ уништи околу 37 тони небезбедна храна со поминат рок која се продавала без декларација е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top