Ѓорѓиевски со предупредување до граѓаните, ќе се казнува секој што ќе фрла отпад

Ѓорѓиевски со предупредување до граѓаните, ќе се казнува секој што ќе фрла отпад

пред 5 часа

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива одлично, со цел градот да изгледа „чисто, како што му доликува“.

Ѓорѓиевски рече дека во акцијата вклучени се повеќе од 2.500 луѓе и над 100 возила.

Градоначалникот упати апел до граѓаните за одговорно однесување, предупредувајќи дека несовесното одложување на отпад нема да се толерира.

„Досега напишани се десетици казни на неколку правни субјекти, а оваа пракса ќе продолжи за секој оној кој го загрозува нашето здравје. Да го чуваме Скопје,“ порача Ѓорѓиевски.

Текстот Ѓорѓиевски со предупредување до граѓаните, ќе се казнува секој што ќе фрла отпад е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top