Европол разби мрежа од платеници најмени за киднапирање албански наркобос

Европол разби мрежа од платеници најмени за киднапирање албански наркобос

пред 12 часа

Шест лица се уапсени во голема меѓународна операција за разбивање група платеници најмени од криминална мрежа за киднапирање водач на соперничка банда. Операцијата, која се одржа вчера, 12 ноември, беше предводена од Германија со поддршка на Европол и полицијата од Данска, Франција, Латвија и Обединетото Кралство, соопшти Европол.

Целта на платениците, меѓу кои беа и поранешни членови на Француската легија на странци, бил водач на албанска мрежа за трговија со дрога. Се верува дека тој ја организирал кражбата на неколку тони канабис во вредност од милиони евра, а киднапирањето било наменето како одмазда. Платениците биле латвиски државјани, високо обучени и опремени со професионална опрема за извршување на задачата.

Четири лица беа уапсени во Данска, Франција, Латвија и во Обединетото Кралство во координирана операција. Уште двајца осомничени беа уапсени претходно во октомври 2014 година во Германија и оттогаш се осудени. Европол одигра клучна улога во истрагата овозможувајќи размена на информации и оперативна координација. На денот на операцијата експерт на Европол беше во Ница за да им помогне на истражителите на терен во реално време со вкрстена проверка на податоците.

Истрагата откри дека некои од осомничените се поранешни војници на Француската легија на странци, што укажува на алармантен тренд поврзан со војната во Украина. Европол предупредува дека војници обучени за борба – вклучувајќи Украинци обучени од американските сили, легионери и руски платеници – се враќаат од бојното поле и ги користат своите вештини за потребите на организираниот криминал.

Текстот Европол разби мрежа од платеници најмени за киднапирање албански наркобос е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top