СЗО: Пандемијата не е завршена, ќе има нови соеви

пред 2 години

Една од главните научници на СЗО, Сумија Сваминатан, денеска изјави дека светот се уште не завршил со пандемијата на Ковид-19, бидејќи ќе има нови варијанти на коронавирусот.

„Видовме како вирусот еволуира и мутира, така што знаеме дека ќе има повеќе нови варијанти, позагрижувачки варијанти, што значи дека не сме на крајот на пандемијата“, им порача Сваминатан на новинарите во Јужна Африка.

Таа заедно со генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, ги посети погоните за производство на вакцини.

Share
Scroll to Top