Полска започна да ја дава вакцината на „Џонсон и Џонсон“

пред 3 години

Полска денеска почна да вакцинира со вакцинте на фармацевтската компанија „Џонсон и Џонсон“, бидејќи проценката на владата и здравствените власти е дека вакцината има поголема придобивка отколку потенцијален ризик, објави „Ројтерс“.

Федералните власти на САД во вторникот препорачаа да се прекине употребата на вакцината на „Џонсон и Џонсон“ најмалку неколку дена, бидејќи шест жени на возраст под 50 години добија згрутчување на крвта по приемот на една доза.

„ Во случајот на „Џонсон и Џонсон“, денес е првиот ден кога ја користиме вакцината. Не добивме никаков сигнал дека има проблеми, ниту дека некој пациент одбива да ја прими“, рече Михал Дворчик, владин претставник кој ја надгледува кампањата за вакцинација.

Share
Scroll to Top