Експерти: Иако болниците во Словенија се полнат заклучувањето даде резулати

пред 3 години

Во Словенија, нови 287 заразени со коронавирус се потврдени во последните 24 часа а седум лица се починати од Ковид-19.

Статистиката за коронавирусот покажува дека 11-дневното заклучување даде резултати, иако болниците сè уште се полнат.

„Можеме да кажеме со умерен оптимизам дека експоненцијалниот раст на новозаразени е забавен, но тоа не значи дека не ни требаат повеќе мерки“, изјави епидемиологот Матеја Логар коментирајќи ја новата епидемиолошка состојба.

Таа го предводи владиниот научен тим за Ковид-19, но со оптимистичка забелешка, предупреди на понатамошен раст на хоспитализациите, особено во интензивните ковид центри што според неа е причина за загриженост и предупреди дека мерките сепак треба да се прилагодат на ситуацијата.

Ова е подобрување во споредба со минатата недела, кога порано секој четврти тест беше позитивен, бројот на смртни случаи е ист како и претходниот, а бројот на активни случаи е стабилен на нешто помалку од 14.000 лица, рече таа.

Сепак, полнењето на болниците со пациенти се уште е загрижувачко а бројот на сериозно болни лица исто така расте.

Во институтот Јожеф Штефан, каде што се прават научни проекции за епидемијата, тие изјавија дека репродуктивниот број на ширење на епидемијата наскоро ќе се намали на под еден, што ќе овозможи подобра контрола на состојбата и следење на новозаболените и нивните контакти. Тие посочија дека воведувањето на 11-дневното затворање, кое заврши денес, беше оправдано и даде резултати и очекуваат дека за неколку недели кривата на епидемијата може да се израмни и бројот на пациенти постепено да се намали.

Share
Scroll to Top