Милановиќ: Не ја провоцираме Србија

пред 3 години

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави денеска дека зголемувањето на бројот на хрватски војници во Косово и Метохија не претставува никаква провокација кон Србија.

„ Веќе го потпишав тој налог, но сега, ако знаев дека толку многу им пречи, можеби ќе разговаравме, без потсмев“, рече Милановиќ, додавајќи дека не смета дека луѓето во Белград, поточно Вучиќ да биде вознемирен од зголеменото присуство на хрватски војници на Косово.

Милановиќ пред новинарите во Ѓаково изјави дека хрватската армија е со години на Косово, а сега присуството е зголемено откако хрватските војници го напуштија Авганистан, пренесе Хина.

„ Тоа не е провокација кон Србија. Тоа е како да работите во недела, нели, тие постојано манипулираат со тоа. Но, работата во недела е бенигна тема, а прашањето за независност и позицијата на албанскиот народ е тема што доведе до војна и тоа до неколку војни“, рече Милановиќ.

Тој тврди дека српските власти не знаат како да излезат од стапицата во која паднале пред 30 години, со однесувањето на Милошевиќ на Косово, што ја предизвикало војната во Југославија.

„ Хрватска претрпе огромна штета од војната. Емоционално и материјално“, вели претседателот на Хрватска.

Тој исто така тврди дека српските власти прават сè да не влезат во Европската унија.

Во петокот, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Белград сака да има добри и коректни односи со сите во регионот и дека постапките и изјавите од Загреб, во врска со најавата дека Хрватска ќе направи воен камп на Косово, не се израз на почит за Република Србија.

Share
Scroll to Top