Германија планира за следната година да набави 204 милиони вакцини

пред 3 години

Германија планира да потроши 3,9 милијарди евра на 204 милиони дози вакцини во 2022 со цел да се заштити од „тесните грла“ во производството и дистрибувијата и да има доволно средства против новите варијанти на Ковид-19 што може да се појават и во случај на потреба од засилена вакцинација.

Најголемиот дел од набавката ќе биде 80 милиони дози mRNK вакцина од „Фајзер“ / „Бионтек“, за што Германија веќе се договорила преку шемата за набавки на Европската унија, се наведува во извештајот на Министерството за здравство, во кој увид имала агенцијата „Ројтерс“. и

Уште 31,8 милиони дози ќе дојдат од „Модерна“, „Џонсон и Џонсон“ ќе придоне со 18,3 милиони дози и 70 милиони дози од „Санофи“, „Новавакс“ и „Валневa“.

Share
Scroll to Top