ЦУК: Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла

пред 3 часа

Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи.

„Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци. Лицата се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево. Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Р.С.Македонија“, стои во известувањето од ЦУК.

Текстот ЦУК: Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top