Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови

Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови

пред 11 месеци

Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес албанската полиција.

Полицијата објави дека тело на жена (76) е пронајдено откако нивото на водата се повлекло во поплавената југоисточна општина Девол.

Поплавите предизвикаа најголема штета во руралните региони на југот на Албанија, а во селото Душар 30 семејства беа отсечени, бидејќи патиштата беа непроодни поради поплавите.

Текстот Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top