Украина: Го исчистивме центарот на Покровск од руските сили

Украина: Го исчистивме центарот на Покровск од руските сили

пред 3 часа

Украинските контранападни сили тврдат дека ги истерале руските трупи од централниот дел на Покровск, пренесе „Kиев пост“. Седмата воздушно-јуришниот корпус соопшти дека пешадиските тимови, со поддршка од дронови и артилерија, ги исчистиле клучните точки во градот, вклучувајќи ја железничката станица и централниот плоштад.

Командирот Валентин Манко изјави дека „центарот е исчистен“, но операциите за чистење продолжуваат. Според украински извори, руските сили се повлечени кон јужните квартови, каде напредокот е побавен и каде руските единици се под притисок и без можност за снабдување.

Русија во своето утринско соопштение не ги спомна директно борбите во Покровск, наведувајќи само дека одбила неколку украински напади. Украинскиот Генералштаб ги опиша борбите во овој сектор како меѓу најинтензивните на фронтот во последните 24 часа.

Дел од украинските аналитичари и извори предупредуваат на претпазливост, истакнувајќи дека битката не е завршена и дека има спротивставени информации за состојбата на терен.

Текстот Украина: Го исчистивме центарот на Покровск од руските сили е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top