Претседателот на Полска: Историјата нè учи дека Русија може да биде поразена

Претседателот на Полска: Историјата нè учи дека Русија може да биде поразена

пред 5 часа

Претседателот на Полска, Карол Навроцки, на предавање на Карловиот универзитет во Прага изјави дека историјата учи дека Русија, која според него е главен непријател на Европа и земја која не ги почитува договорените и потпишаните договори, не само што може да биде ограничена, туку и поразена.

„Историјата ни покажа дека Русија, било да е империјална, било да е болшевичка, било да е советска, не само што може да се сопре, туку и да се победи. Секој пат кога била поразена, тоа носело бран политички промени“, рече Навроцки, споменувајќи ги војните од 19-ти и 20-ти век, кои завршиле со поразот на Советскиот Сојуз во Авганистан.

Полскиот претседател изрази надеж дека Украина на тој начин ќе може да се бори против своите два главни непријатели – со Русија, но и со својот внатрешен непријател, а тоа е корупцијата.

„Надворешните предизвици се егзистенцијални – препороден руски неоимперијализам. Внатрешните предизвици не се толку очигледни“, рече Навроцки за главните закани за Полска и Европа.

Тој поголемиот дел од предавањето го посвети на набројување на заканите што, според него, доаѓаат од Брисел за помалите земји и ја обвини Европската Унија дека се обидува да ја централизира Европа под маската на федерализација со одземање на суверенитетот на сите нации освен на двете најсилни земји-членки.

Навроцки рече дека и покрај широко распространетото верување, полските конзервативни националисти, меѓу кои се вклучува и себеси, не се непријатели на ЕУ. „ЕУ е нашата природна средина. Но, да бидеме искрени, ова не е Унијата од нашите соништа. Влеговме во ЕУ, која требаше да ни даде економски шанси. И така беше. Влеговме за да можеме да ја користиме Шенген зоната. И ја користиме. Но, целта не беше ЕУ да ги диктира условите на нашиот општествен поредок, што јадеме или да ги образува полските деца“, рече Навроцки.

Полскиот претседател, исто така, презентираше неколку предлози за тоа како да се спречат обидите за подлабока интеграција на ЕУ и нејзината централизација и да се вратат дел од надлежностите што ѝ припаѓаа на ЕУ на национално ниво како пред усвојувањето на Лисабонскиот договор.

Фото: принтскрин

Текстот Претседателот на Полска: Историјата нè учи дека Русија може да биде поразена е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top